Дома / Активности/Настани / Следни настани / 70% ПОПУСТ НА КАСТРАЦИЈА/СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА МАЧКИ ПРЕКУ МАЛИ ХЕРОИ! <3

70% ПОПУСТ НА КАСТРАЦИЈА/СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА МАЧКИ ПРЕКУ МАЛИ ХЕРОИ! <3

Божиќ доаѓа … Сега, секој може да си дозволи :
70% ПОПУСТ НА КАСТРАЦИЈА И СТЕРИЛИЗАЦИЈА НА МАЧКИ ОД 8-ми до 12-ти Јануари 2016 година , само преку Здружение за заштита на животните и животната средина МАЛИ ХЕРОИ Битола во соработка со Др. НИКОЛА БУНЕВСКИ – специјалист по хирургија и анестериологија на ветеринарна медицина.

КАКО ТОА ДА ГО НАПРАВИТЕ ?!
1. ПОСЕТЕТЕ НЕ НА НАШИОТ ПРЕДНОВОГОДИШЕН НАСТАН НА: 25.12.2015 година https://www.facebook.com/events/1090873504279056/ и купете го вашиот ваучер со 70% попуст .
2. Доколку сте оправдано отсутни, ваучерите може да ги набавите во ПЕТ ШОПОВИТЕ ПРИЈАТЕЛИ (Локации: Главната пошта и во Нов пазар – 2 кат )

ЗОШТО ДА КАСТРИРАТЕ/СТЕРИЛИЗИРАТЕ МАЧКА???

Стерилизација е хируршко отстранување на дел од репродуктивните органи (јајниците и матката кај женките и тестисите кај мажјаците) на животното, така што повеќе не може да се репродуцира. Тоа е безбедна и брза процедура која се изведува од страна на ветеринар. Мачката цело време е под целосна анестезија, така што не чувствува никаква болка. Постапката трае од 5 до 15 минути, а мачката се враќа во нормала за еден до два дена. Само со решавање на главната причината за големиот број на убиени мачки секоја година можеме да го спречиме проблемот – а тоа е дека мачките премногу се размножуваат. Стерилизација има здравствени придобивки за мажјаците и за женките. Стерилизираните женки нама да можат да добијат рак на јајници, матка или pyometritis (потенцијално фатална инфекција на матката). Нивните шанси за добивање на рак на дојката, исто така, во голема мерка се намалени, особено за оние кои се стерилизирани пред да влезат во првиот циклус. Што се однесува со стерилизираните мажјаци, тие нема да страдаат од рак на тестисите и разни патологии поврзани со хормонален дисбаланс како хипертрофична и полицистична простата и затоа што помалку се борат за други мачки, а со тоа се намалени и шансите да бидат каснати и да добијат мачешкиот вирус на имунодефициенција (FIV).
Хормоналната терапија не е трајно решение, таа е само одложување на циклусот . При повеќекратна апликација на хормони во организмот доаѓа до хормонален дисбаланс и појава на патологии од видот на полициститчни јајници , мамарни тумори и ред други хормонално поврзани патологии.

НА КОЈА ВОЗРАСТ МАЧКАТА ТРЕБА ДА СЕ СТЕРИЛИЗИРА?

Општо земено, мачките се стерилизираат кога имаат шест месеци. Сепак, некои женки стапуваат во циклус и порано. Знаците на влегување во циклус вклучуваат зголемување на апетитот, немир, изкажување на повеќе чувства од вообичаено, како и кратки, ниски звуци. На таа возраст мачката почнува и да привлекува мажјаци. Кога мажјаците стануваат сексуално зрели, инстинктивно почнуваат со одбележување на околината со силен мирис на урина. Внимавајте на овие знаци и штом ќе ги забележите однесете ја вашата мачка на стерилизација

КАКО СТЕРИЛИЗАЦИЈА СПАСУВА ЖИВОТИ?

Најпрактичен и ефикасен метод за решавање на проблемот со бездомните мачки е контролирање на нивното размножување . Единствено и трајно решение е кастрација/стерилизација.

https://www.facebook.com/events/1090873504279056/

12279042_933655900045519_4698809952234613838_n

12348078_933655806712195_8146413249038038543_n

За Благој Крстанов

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>