Дома / Новости / ПОТРЕБНИ НИ СЕ ДОНАЦИИ ЗА БЕЛА!

ПОТРЕБНИ НИ СЕ ДОНАЦИИ ЗА БЕЛА!

(10.12.15) Известување за состојбата:
Не е многу, но е значајно. Бела почна да ја мрда опашката! Овие 3 недели не даваше никаков знак со неа, па сметаме дека е голем напредок. :) Со донации сме слаби, а многу ни се потребни. Ве молиме во нејзино име колку што сте во можност да донирате. За вас е едно кафе, за неа значи многу.

(05.12.15) Известување за состојбата:
Направивме снимки од рбетот на Бела, ветеринарот утврди дека повредата не е настаната од удар од автомобил, најверојатно е од удар од “човек” со клоца.
Проблемот е во спојувањето на два пршлени, меѓу нив е нагмечен нервот кој е одговорен за моториката на задните нозе и бешиката.
Прогнозата е дека е можно опоравување, ни останува само да продолжиме со негата и терапијата и да чекаме.
Белушка се чувствува добро, сака да се гали, да преди и да гушка. ♥

Сакаме да се заблагодариме на сите кои донираа и со тоа помогнаа во терапијата, негата и утврдување на дијагнозата.
Бидејќи средствата брзо ни се трошат добредојдени се донации од сите кои сакаат да помогнат.

(02.12.15) Известување за состојбата: Белчо е всушност женка, сега е Бела. :)
Раната е во малку подобра состојба и помалку крвари. Сакаме да се заблагодариме на сите кои дониравте постела и парични средства, ни овозможивте да ги снабдиме потребните работи за одреден период и да ги платиме ветеринарните трошоци.
Бидејќи средствата брзо ни се трошат, потребни ни се уште донации. Сите кои сакате да и помогнете можете да донирате парични средства во пет шоповите Пријатели и на сметка, или доколку сакате да донирате нешто од терапијата и подметачи можете да не контактирате во порака.
Ви благодариме. ♥

Состојбата на Белчо е малку подобрена, почна да дава одредени знаци што кажуваат дека не е сосема парализиран и има надеж да се опорави и да прооди. НО поради неговата неподвижност и неможноста да се одржува хигиена му се направија декубитални рани. За да можеме да го спречиме понатамошно влошување навистина ни е ПОТРЕБНА ДОНАЦИЈА од: подметачи или големи памперси и памучни крпи како приоритет, храна за мачки и парични средства за да ја продолжиме терапијата со лекарства. Доколку сте заинтересирани да донирате можете да не контактирате во порака или да донирате пари на сметка и во пет шоповите Пријатели.

Мачорот Белчо беше удрен од кола, сега е парализиран. Потребни ни се парични средства за да го однесиме во Скопје да се направи рентген снимка и да видиме за каква повреда се работи. Ве молиме сите кои сакате да му помогнете побрзо да се опорави донирајте колку што сте во можност. Благодариме однапред ♥

12250145_924481460962963_7262135322226738627_n

12347704_929929913751451_8333076965776450956_n

11261583_928364563907986_4528991268027313615_o

12243125_924482927629483_8880978528981155433_n

12241262_924481704296272_8139550404256098957_n

12265851_926338597443916_3142405266934759691_o

12279035_924481534296289_398412805234289171_n

12299109_927257827351993_8215371470677010870_n

12301618_929929783751464_7442418033442165623_n

12304369_929929773751465_4601025960003954847_o

12307308_928364567241319_7070532630288928942_o

12308074_926338824110560_5040571713378553433_o

12309834_926338564110586_2102439249232340582_o

 

12241219_927257344018708_5825269887657445257_n

12316101_927257810685328_4271234436720263712_n

За Благој Крстанов

Ќе ве интересира

10-zivotni-lekcii-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-kucinjata-0001

Мудри животни лекции кои треба да ги научите од кучињата

Кучињата не се само наши најдобри пријатели, тие можат да бидат и нашиот најдобар животен ...

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>