Дома / Новости / Се сеќавате на оваа тажна фотографија од сопственикот и кучето? Приказната доби среќен крај

Се сеќавате на оваа тажна фотографија од сопственикот и кучето? Приказната доби среќен крај

Прекрасното куче кое боледува од артритис стана интернет сензација кога во 2013 година фотографката Хана Стоунхаус Хадсон објави фотографија на која тоа е во прегратка на неговиот сопственик Џон Унгер во езерото Lake Superior.

se-sekavate-na-ovaa-tazna-fotografija-od-sopstvenikot-i-kuceto-prikaznata-dobi-sreken-kraj-01

Унгер редовно пливаше заедно со кучето за да му ги олесни симптомите на артритис. Тој го вдоми кучето кога имаше само 8 месеци, а беше напуштено од претходниот сопственик кој го малтретирал.

Затоа му беше потребно малку подолго време за да почне да му верува на новиот пријател, но со текот на времето се разви толку силна врска, што Унгер тврди дека кучето го спасило од тешка депресија по едно болно раскинување.

Така ова кутре доживеа убава старост и во 2013-та година почина на 20 годишна возраст.

По две години од разделбата со својот најдобар пријател, оваа недела Унгер објави фотографија од неговото ново куче, Беар.

se-sekavate-na-ovaa-tazna-fotografija-od-sopstvenikot-i-kuceto-prikaznata-dobi-sreken-kraj-1.jpg

За Благој Крстанов

Ќе ве интересира

10-zivotni-lekcii-koi-mozeme-da-gi-naucime-od-kucinjata-0001

Мудри животни лекции кои треба да ги научите од кучињата

Кучињата не се само наши најдобри пријатели, тие можат да бидат и нашиот најдобар животен ...

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>