Дома / Прва помош / Болести и симптоми / За труењата на домашните миленици со храна

За труењата на домашните миленици со храна

Не е мал бројот на оние што го делат животниот простор, креветот, па и чинијата со своите домашни миленици.Хранењето на животни со наша храна не е само погрешно, туку може да биде и фатално.Некои состојки на храната кои ретко предизвикуваат проблеми кај вас, кај вашиот домашен миленик можат да предизвикаат помали или поголеми компликации.
Кучињата и мачките се првенствено месојадци, па секако во природата не би јаделе чоколадо и други јадења од нашата трпеза.

За некои „најопшти“ и потенцијално опасни:
Лукот и кромидот ја содржат материјата tiosulfat. Кромидот е поопасен од лукот, но и едниот и другиот предизвикуваат мачнина, повраќање, пролив и други знаци на гастроентеритис.Миленикот нема апетит и е присутна општа слабост на организмот.Мокрачата може да биде со променета боја.Труење може да настане како по едно земање на поголеми количества, исто така и по повеќекратно земање на помали количества.

Чоколадото содржи teobromin, супстанца која заедно со кофеинот спаѓа во групата на metilxantini, материи кои кај луѓето го стимулираат централниот нервен систем со сите пријатни ефекти кои од тоа произлегуваат.
Кај нашите домашни миленици работата е нешто поинаква и често се случува иста супстанца кај нив да доведе до труење, посебно по консумирање на поголеми количества.

Кучето може да дојде до надразнувачка состојба и да стане хиперактивно.Теоброминот исто така е стимулатор на срцето и е диуретик, па може да се случи домашниот љубимец да изгуби поголеми количества на течност со уринирање.Повраќањето и проливот се често присутни.

Сепак, најважен е ефектот на теоброминот на срцето.Се зголемува неговата работа, а отчукувањата не се правилни.Смртта е можна, посебно по напор и кај стари и заболени од срцеви болести.

Какао правот и чоколадото за готвење се најтоксичните облици кои содржат 10 пати поголеми количества на teobromin отколку млечното чоколадо.Може да се каже дека белото чоколадо е најмалку токсично, но секако ниту тоа не е безопасно.

Исто така, помалите кучиња се поризични групи зашто помали колчества на чоколадо предизвикуваат труење.

Од друга страна, се уште е мошне мал бројот на сопственици кои водат сметка за хигиената на забите и непцата на својот миленик.Сите уште од мали знаеме што се случува кога јадеме слатки, а потоа нема да ги измиеме забите.Кариесот и развојот на други процеси од усната шуплина можат да се прошират и на други органи како што се срцето, бубрезите, а паѓањето на забите повлекува како отежнато земање, исто така и отежнато варење на храната.

Цигари и алкохол секако нема да им даваме, но треба да се избегнуваат мастики, бомбони и сурови лушпи од компир и зелен компир, лушпи од круша, јаболко (содржат цијаниди) и, се разбира, коски од сливи, праски, кајсии.

За Благој Крстанов

Ќе ве интересира

Untitled-5

Како да помогнете и да препознаете отруено куче или маче?

Со оглед на тоа што во последниве неколку месеци секојдневно се случуваат организирани масовни акции ...

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>