Дома / Прва помош / Болести и симптоми / Зимата носи бронхопневмонија кај кучињата

Зимата носи бронхопневмонија кај кучињата

Зимскиот период од годината, искомбиниран со снег, претставува вистинска идила.На снегот, освен децата, му се радуваат и кучињата.Мачките се во состојба да го преспијат денот само за да немаат контакт со снегот.Долгите прошетки по снегот можат сериозно да го влошат здравјето на кучињата.Долговлакнестите раси кучиња се поподложни на зимските заболувања затоа што честопати сопствениците подзабораваат да ги истресат или да ги избришат наслагите од снег што би биле иницирачки фактор што има тенденција да предизвика нарушување на здравјето на домашните миленичиња.Домашните миленици што живеат надвор-внатре се поподложни на заболување отколку тие што се на постојана природна температура.Како предиспонирачки фактори сигурно се и несоодветните услови на чување – ладни и влажни бетонски простории без вентилација (гаражи, визби), како и темни простории во кои многу малку навлегува сончева светлина.Освен сместувањето, недостигот на квалитетна исхрана сериозно го ослабува организмот, што дополнително ја засилува агресивноста на заболувања во зимскиот период.Се забележува дека кучињата што имаат чуварска намена и се чуваат во работилници и сервиси, односно секаде каде што има ослободување на неприродни гасови (испарувања од бои и лакови, масла, хемиски материи, чад и друго) почест заболуваат. Освен горенаведените причини, примарно дејство за појава на заболувања на дишните органи е поголемата група причинители од бактериско, вирусно или габично потекло.Најчести заболувања во зимскиот период се воспаленијата на дишните патишта.

Сериозното влошување на здравјето е видливо, се зголемува телесната температура за еден или два степени.Кучето целосно одбива храна, апатично е и се повлекува без интерес и желба за игра.Жедта е поизразена.Дишењето е забрзано и стомачно, со плитки издишувања и вдишувања.Кашлањето не мора да биде зачестено, но е длабоко и не толку болно.Како одговор на организмот се јавува засилено лачење на секрет што тече од носот и, во зависност од стадиумот, има различна боја – од жолтеникав, зелен до темнокафеав.Неспособноста за доволно искашлување на поголемиот дел од секретот предивикува тие да го голтаат, па за кратко време се јавува рефлекторно повраќање на содржината од желудникот, со што додатно се истоштува организмот.Подолготрајното кашлање може да предизвика и астма, а таквата состојба на организмот има потреба од брза ветеринарна интервенција.Лекувањето е комплексно и подолго.Освен терапијата, како потпора се препорачува и корекција на начинот на сместување.На болното куче треба да му се обезбеди сместување на суво и топло место, доволно проветрено и со оптимална експозиција на сончева светлина.

Исхраната треба да се насочи кон лесно сварливи варива од посно пилешко месо, риба, ориз, млечни производи.

За младите кучиња болни од бронхопневмонија, потребно е во исхраната да има и поголемо количество на минерално-витамински материи, кои помагаат во брзо оздравување.

За Благој Крстанов

Ќе ве интересира

Untitled-5

Како да помогнете и да препознаете отруено куче или маче?

Со оглед на тоа што во последниве неколку месеци секојдневно се случуваат организирани масовни акции ...

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>