Дома / Прва помош / Болести и симптоми / Како да помогнете и да препознаете отруено куче или маче?

Како да помогнете и да препознаете отруено куче или маче?

Со оглед на тоа што во последниве неколку месеци секојдневно се случуваат организирани масовни акции на оставање отров по улиците со цел да се отрујат уличните кучиња и мачки, должни сме да Ве известиме за мерките што како хумани граѓани треба да ги преземете доколку сте сведоци на труење.

  1. Најчесто отровите што се подметнуваат (Strahin, Lanate)можат слободно да се набават во сите земјоделски аптеки, а се подметнуваат во парче храна (најчесто месо и месни производи или пак на парче леб). Доколку видите сомнителна расфрлана храна по улиците, на тревниците, околу вашето живеалиште, Ве молиме отстранете ја и фрлете ја на сигурно место (убаво завиткана во кеси за да не можат до отровот да стигнат други животни) со медицински ракавици!
    НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Доколку не ја отстраните, од отровот може да настрада и човек!
  2. Знаците на труење кај кучињата и кај мачките се јавуваат неколку минути по земањето на отровот, во зависност од количината храна која се наоѓа во моментот во желудникот. На почетокот се јавува тресење на мускулите на целото тело со грч на сите мускули, повраќање, појава на пена од устата, зголемување на телесната температура, пролив, крварење од устата и носот.Доколку не се лечи, скоро секогаш завршува со смрт.

Доколку видите куче или маче со вакви симптоми, можете да му дадете чаша топла вода измешана 2-3 кафени лажички готварска сол или пак зашеќерена вода (шербет) кои треба со сила му да се дадат на кучето или мачето да ги испие, но со препазливост, за да не внесе дел од содржината во белите дробови. Исто така можете да му дадете и Carbo medicinalis (медицински јаглен во таблети) кој можете да го набавите во била која хумана аптека.Истиот може да се даде како цели таблети да се дадат на кучето да ги проголта или пак да се растворат со вода и при тоа да се даде на сила на кучето да ја испие содржината повторно внимавајќи дел од содржината да не заврши вобелите дробови.
Најдобро е како превентива за време на прошетките да си носите неколку таблети медицински јаглен или пак да ги растворите во некое помало шишенце со вода за да можете да реагирате најбрзо што можете.Од кога ќе дадете медицински јаглен вашата работа е завршена, се што преостанува е НАЈБРЗО што можете да го однесете вашиот миленик на ветеринар, бидејќи кога се работи за труење, минути се во прашање.Постои можност за излекување, но од големо значење е да се однесе затруеното животно веднаш на ветеринар или да се повика службата за домашни посети.Со изминување на времето се намалува можноста за излекување и неминовно доаѓа до смртен исход.Затоа ако приметите некои од горенаведените знаци, особено ако вашето милениче изеде храна од улица, веднаш обратете се до најблиската ветеринарна установа.
За крај, како превентива најдобро е да не го изнесувате вашиот миленик без маска на него со што би спречиле да внесе било каква содржина во неговата уста , но сепак не е исклучена можноста животното дел од отровот да го вдиши преку носот.
ЗАПАМТЕТЕ: Со изминување на времето се намалува можноста за излекување и неминовно доаѓа до смртен исход кај миленичето!!!

  1. Доколку сте сведок на труење на уличните кучиња и мачки кои не успеале да преживеат, Ве молиме веднаш повикајте полиција. Не се обидувајте да ги отстранувате отровите или лешовите, инсистирајте да дојде полициска екипа која е должна да изврши увид на местото! Расфрлањето опасни материи е казниво со закон и полицијата мора да поднесе кривична пријава против сторителот, без разлика дали е тој познат или непознат!
  2. Доколку се сомневате во некој локален трујач на животни од вашата населба, ве молиме известете не веднаш на savethedogs.macedonia@gmail.com

 

За Благој Крстанов

Ќе ве интересира

Untitled-4

За труењата на домашните миленици со храна

Не е мал бројот на оние што го делат животниот простор, креветот, па и чинијата ...

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>