Дома / Прва помош / Болести и симптоми / Кашлица кај мачките и кучињата

Кашлица кај мачките и кучињата

Кашлицата е присилно протерување на воздух од белите дробови низ устата.Не секој звук кој што личи на кашлица е тоа.Таа може да се замени со гадење, отежнато и напорно дишење, повраќање, кивање и друго.Мошне е важно правилно да се детерминира звукот кој доаѓа од миленикот.Кашлицата како и наведените состојби имаат различни причини.Звукот кој се продуцира со кашлицата може да не наведе на причините.Сува, испрекината кашлица, таканаречено шкрипење, метален призвук општо асоцира на заболувања на дишните патишта, трахеата и бронхите.Кај малите џуџести раси кучиња колапсот на трахеата е честа состојба.Трахеалниот колапс продуцира карактеристичен звук на огласување на гуска.Повредите на трахеата предизвикани од околувратник можат да го предизвикаат истиот звук.Суптилно нерешително кашлање може да биде знак на пулмонарен едем (течност во белите дробови).Влажна кашлица посочува инфекција на белите дробови или ослабена работа на срцето.Во кој период од денот и ноќта и под кој околности кучето или мачката кашлаат може да помогне во детерминацијата на причината.Доколку кашлицата е резултат на рана фаза на срцево заболување тогаш кашлицата е почеста преку ноќ.Секако, како што заболувањето на срцето напредува така и кашлицата може да се јави во секое време.Кај хроничниот бронхитис, напорот ќе ја индуцира кашлицата.При притисок на околувратникот на миленикот може да се стимулира кашлицата.Продуктивна кашлица претставува исфрлање на воденкаста течност, гној или крв.Ова не би требало да се помеша со повраќањето во кој случај ќе се јави желудникова содржина. Овој тип на кашлица е најчесто поврзан со инфективен процес .Алергиските белодробни заболувања или раните срцеви заболувања предизвикуваат непродуктивна кашлица.Непродуктивните кашлици предизвикуваат звук но не и содржина.Доколку миленикот кашла подолго од неколку дена неопходен е преглед од ветеринарен лекар и адекватна терапија.

За Благој Крстанов

Ќе ве интересира

Untitled-5

Како да помогнете и да препознаете отруено куче или маче?

Со оглед на тоа што во последниве неколку месеци секојдневно се случуваат организирани масовни акции ...

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>