КРЛЕЖИ И БОЛВИ

КРЛЕЖИ

Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и проблемите со крлежите ,кои претставуваат опасност за вас и вашите миленици. Речиси е невозможно да ги избегнете бидејки ги има насекаде по ливадите,покрај реките па дури и на дрвјата.Позагрозени се кучињата бидејки обожаваат да трчаат во висока трева и да се тркалаат по земја.

Иако крлежите лесно се воочуваат по телото на кратковлакнестите миленици бидете посебно внимателни и темелни додека го прегледувате вашето куче или маче. Обавезно прегледајте ги ушите ,стомакот ,пределот околу вратот ,внатрешната страна на нозете па дури и шепите бидејки крлезите можат да бидат насекаде.
Долговлакнестите миленици треба прво добро да се исчеткаат па потоа да се прегледа секој дел од крзното.
Пожелно е тоа да го правите надвор на дневна светлина.

Доколку најдете крлеж пожелно е миленикот да го однесете на ветеринар.Крлежите немојте да ги триете со бензин, алкохол немојте да го ротирате или да пробате да го искорнете со прсти бидејки неговата глава може да остане во кожата.Доколку не сте во можност да одите на ветеринар тогаш отстранете го крлежот со пинцета фаќајки го за делот кај главата и потоа дезинфекцирајте го местото.

 

КАКО ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ ОД КРЛЕЖИ

Ветеринарите нагласуваат дека превенцијата е најдобар лек и препорачуваат средства против паразити со продолжено дејство до еден месец.По тој месец миленикот треба да се избања и повторно да се нанесе средството.За кутриња и мали раси се препорачуваат специјални алки кои штитат и до седум месеци.

Доколку крлежот е заразен неговото каснување може да предизвика многу паразитарни, кактериски и вирусни болести, како чест пример е piroplazmozа ,тешко заболување чии симптоми се нагло покачување на телесната температура ,миленикот губи сила омалаксува ,зачестено пие вода и дише забрзано , очните капаци се отечени и црвени  губење на свеста, крвава мокрача, болки во абдоменот итн. Доколку забечежите било кој од овие симптоми немојте да превземате ништо на своја рака туку однесете го миленикот на ветеринар за соодветна терапија.

 

БОЛВИ

Најчести главоболки на сопствениците на кучињата и мачките во пролетните и летните денови им задават болвите на нивните миленици.Во тој период се најоптимални условите за размножување на овие паразити (влага, температура). Во зимскиот период бројот на болви е многу помал бидејќи поради пониските температури голем број од ларвите и јајцата на болвите изумираат.Кучешката и мачкината болва (Ctenocephalides canis и  Ctenocephalides felis) се инсекти, со кафеава боја и сплескано тело кои паразитираат на овие домашни миленици. Тие се хранаат цицајќи крв од своите домаќини. Една болва е во состојба да испие дневно крв во количина 15 пати поголема од нејзината тежина! Женките на болвата во текот на животот полагаат повеќе стотина јајца.Овие јајца не се лепливи и не се залепени за влакното на домаќинот и затоа тие паѓаат на тлото.Од нив излегуваат ларви кои се хранат со изметот на болвите, потоа се зачауруваат и после 7 – 14 дена од нив излегуваат возрасни болви кои бараат нов домаќин за да можат да опстанат.Ако не се во можност да пронајдат куче, или мачка на кои би живееле, се случува да нападнат и човек, но не е докажано дека кучешките болви можат да цицаат крв од него. .
Болвите се многу брзи и ретко може да се забележат на нашите миленици.Полесно се открива нивниот измет кој наликува на кафеаво црни точки.Ако вашиот миленик го истриете над бела хартија или ткаенина и на неа најдете вакви точки, највероватно тој има болви.Со влажна вата поминете по овие точки на хартијата и ако се добие црвенкасто-кафеава трага (од крвта која ја цицала болвата) време е да преземете мерки да го исчистите вашиот миленик од овие паразити.Опасноста од болвите не е само поради тоа што ја цицаат крвта туку со тој чин механички шират болести од куче на куче, а и се преодни домаќини на тениите на кучињата.Кучето кое при каснувувањето на местата каде чуствува чешање, кое го предизвикува болвата, може да ја прекаса болвата и со тоа да ја голтне и во неговите црева ќе се развие кучешката тенија (Dipilidium caninum).Постои можност и човекот да се зарази со оваа кучешка тенија.
Покрај болката и немирот кој го предизвикуват болвите кај своите домаќини, при цицањето на крвта тие испуштаат лига која го спречува згрутчувањето на крвта, но и придонесува за силна  алергиска реакција кај домаќините.
Околу 90% од причините за чешање и опаѓање на влакната кај кучињата се последица од каснување од болви. Прво се јавува незапирливо чешање на местата над опашката и на бутовите.Потоа доаѓа до опаѓање на влакното и појава на голи и зажарени места. Овие места се погодни и за бактериски инфекции, а може да дојде и до потемнување (хиперпигментација ) на кожата на овие делови.

 

Терапија

При вакви случаеви  првенствено третирање на животните со средства кои се отровни за болвите, а неотровни за животните . Ако веќе дошло до инфекција, местата каде се чешало животното треба да се третираат и со антибиотици.Бидејќи е скоро невозможно вашите миленици да не дојдат во контакт со болви, препорачливо е да користие средства кои нема да дозволат болвите да преминат на нив. Тие можат да бидат во вид на
околувратици или во вид на течност која се става на кожата на вратот (Frontline®, Fyprist ®, Fiprospot, Protector®, Advocate bayer®, Advantix®итн.).Овие средстава имаат дејство 6-8 недели, па затоа се препорачува редовно обновување на заштитата.Исто така треба и местата каде се сместени милениците да се третираат со антипаразитарни средстава, за да се уништата и ларвите и јајцата кои се на тие места.

 

За Благој Крстанов

Ќе ве интересира

Untitled-5

Како да помогнете и да препознаете отруено куче или маче?

Со оглед на тоа што во последниве неколку месеци секојдневно се случуваат организирани масовни акции ...

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>