Се бара дом за Миша

Миша, неуморното предалче со најслаткиот поглед, најмилите очиња.
Таа е мачето што пред неколку дена објавивме дека е каснато од куче и оставено од “сопствениците” на улица.
За наше изненадување е многу силна и неверојатно брзо закрепнува, остана да заздрави уште малечка рана на вратчето и да и порасни крзненце, и уште малку да се среди шантавото движење.
Очигледно е дека од што е питома страда на улица, родена е за домашно маче, премирна, полна со љубов за сите луѓе и животни.
Ве молиме, ве молиме да не ја враќаме на улица, можиме да ја задржиме уште неколку дена дури целосно закрепни… дајте и дом. Уште еден миленик плус, ќе ви го развесели домот, посебна е.
Стара е 4.5 месеци, прочистена од паразити.
Контакт: 078 345 979.
Сакаме да изразиме и огромна благодарност до нејзините спасители, млад брачен пар кои штом ја забележаа веднш интервенраа и ја платија терапијата, ја носеа на ветеринар, донираа храна и се грижат сите нивни маалски мачки да имаат редовен оброк.

14202579_291148621263844_7239603142468366892_n

14212793_291151564596883_1643022274268657793_n  14222331_291148764597163_6590305839982192644_n 14292501_291151567930216_391781492013057349_n

За Благој Крстанов

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>