Дома / Цели

Цели

Основни цели и задачи на здружението се:

-Застапување на правата на животните во однос на начинот на кој луѓето се однесуваат кон животните како и нивно запознавање за тоа дека и тие се дел од живите суштества слични на нас со исти потреби (храна, вода, престојувалиште);

-Граѓанска едукација на луѓето каков треба да им биде погледот кон бездомните и напуштени животни и нивно запознавање со проблемите со кои се соочуваат овие незгрижени души, нивното малтретирање па дури и убивање;

-Подигнување на јавната свест за нехунаниот третман на животните во приватните фарми, нивно одгледување со цел гоење и убивање, како и за нивно искористување за забавни цели;

-Потсетување на надлежните органи како и запознавање на јавноста за запоставеноста на овие живи суштества за нивните потреби , за нивното измачување и нелегалниот третман кон оние кои самите не можат да се искажат и да го дадат својот глас за себе;

-Подобрување на условите во кои функционираат стационарите ширум земјата и светот;

-Овозможување на подобар соживот меѓу луѓето и останатиот животински свет за одржување на балансот помеѓу нив како и една похармонична благосостојба во општеството;

-Развивање на еколошката свест кај луѓето;

-Залагање за почитување и правилно реализирање на Законот за заштита и благосостојба на животните, негово промовирање и покренување на иницијативи за негово дополнување или изменување се со цел гарантирање на правото на живот, престојувалиште како и заштита од терор малтретирање и секаков вид на нехумано однесување кон нив. Секаков вид помош од Ваша страна во остварување на овие цели е добредојдена!

Здружение за заштита на животните и животната средина “Мали Херои” – Битола Association for Protection of animals and the environment “LITTLE HEROES”-Bitola

maliheroi@live.com

Трансакциона сметка: 240150002179757 УНИ Банка А.Д. Скопје

Остави коментар

Вашата email адреса нема јавно да се прикаже. Задолжително поле *

Можете да користите HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>